Заминувањето на Фелипе Кутињо од Барселона во Баерн Минхен ќе се одрази на клупската каса на фудбалскиот состав Ливерпул кој ќе остане без голем бонус.
Имено, шпанскиот состав е должен да му плати 20 милиони евра на Ливерпул кога Кутињо ќе оствари 100 настапи во дресот на Каталонците и дополнителни 5 милиони ако биде освоена Лигата на фудбалските шампионите, но, откако Бразилецот со замина од „Камп Ноу“, екипата од Англија нема да добие ниту едно евро.
Кутињо сега една сезона ќе игра како позајмен во Германија со опција да му биде откупен договорот во наредното лето.

