Ливерул и Арсенал кои започнаа со максимални две победи во новата сезона во Премиер лигата на Англија ќе се сретнат в сабота во рамките на 3 коло и тоа на теренот на „црвените“. Менаџерот на „топчиите“, Унај Емери, пред гостувањето на „Енфилд“, потенцира дека нема желба да игра со Ливерпул повикувајќи се на последните три меча кога неговиот тим остана без бод.
„ Не сакаме да играме против Ливерпул, што се однесува до нас, подобро никогаш да не играме против нив. Сега, тоа ќе биде голем тест за нас. Наша цел е да го намалиме заостатокот во однос на екипте какви што се Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем. Затоа таквите дуели се предизвик за Арсенал “ – изјави Емери.
Неговиот тим во првите две кола беше подобар од Њукасл и Барнли додека четата на Јирген Клоп победи против Норич и Саутемптон.