Фудбалскиот интернационалец од Швајцарија, Стефан Лихштајнер, кој во текот на летово го напушти тимот на Арсенал сега ќе го носи дресот на германскиот состав , Аугсбург, потврди денеска бундестимот.
„Сакав да играм во Германија. Мислам дека можам моето исксутво да им го пренесам на помладите во тимот. Со нетрпение го чекам настапот во Бундес-лигата“ – изјави дефанзивецот.
35 годинишниот ветеран кој потпиша договор за една сезона, досега настапувал за Грасхоперс, Лил, Лацио и Јувентус.