Интернационалецот од Костарика во редовите на Реал Мадрид, Кејлор Навас, дефинитивно е определен да го напушти стадионот „Сантијаго Бернабе“ објави денеска – „Марка“.
Според наведеното, голманот на „белите“ кој не влегува во плановите на тренерот, Зинедин Зидан, сака да има поголема минутажа и затоа побарал да си замине. 32-годишниот фудбалер во претходната сезона во дресот на „кралевите“ се појави само на 21 меч.
Навас има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2020 година а неговата трансферна вредност се проценува на околу 10 милиони евра.