На натпреварот против Бетис во недела, дефанзивецот Жерард Пике ќе го одигра својот официјален натпревар број 500 во дресот на Барселона, соопшти клубот.
Така, тој ќе стане само осмиот играч со ова достигнување по Чави Ернандез (767 натпревари), Лионел Меси (697), Андрес Иниеста (674), Карлес Пујол (593), Мигел Бернардо (549), Виктор Валдез (535) и Серхио Бускетс (528).

Овој фудбалер го направи своето деби за првиот состав на Барселона под водство на Пеп Гвардиола на 13.08.2008 година, кога се појави во 75-та минута на местото на Даниел Алвеш при гостувањето кај Висла Краков (4:0 за Барселона) од квалификациите за Лигата на шампионите.
Од тогаш, Пике има 499 натпревари во кои има постигнато 46 гола. Со Барселона тој досега има освоено 29 трофеи.

