Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Тотенхем, Хари Кејн, верува дека неговиот тим може да ја издржи трката за титулата во Премиер со Ливерпул и Манчестер Сити.
„Се надевам дека ќе се вклучиме во битката. Можете да видите дека сè оди како што се очекуваше. Пред почетокот на првенство реков дека се надевам дека ќе одиме заедно со нив. Треба да победиме во наредните мечеви“ – вели Кејн.
„Сите сме разочарани по поразот од Њукасл, но, треба да останеме смирени и да се обидеме да се вратиме во ритам. Верувам дека имаме квалитет да се радуваме на победа на дербито со Арсенал“ – потенцираше Кејн. Мечот меѓу „топчиите“ и „Спарси“ ќе биде одигран в недела во Северен Лондон.
