Алексис Санчез попладнево пристигна во Милано каде наскоро треба да ги мине лекарските прегледи и да стане нов фудбалер на Интер.
Италијанските медиуми доцна синоќа објавија дека Манчестер Јунајтед и Интер го договориле трансферот на Чилеанецот, а сумата ќе биде позната по верификација на договорот.
Санчез оваа година не заигра ниту еднаш за Манчестер Ј. и беше јасно дека е прашање на време кога ќе замине од клубот.