Играчот од средниот ред на руски Зенит, Емилијано Ригони, може во следните неколку часа да стане играч на Сампдорија. Вчера, челниците на италијанскиот тим имале разговори со преставниците на Зенит во Минхен и со агентот на фудбалерот, па денеска се очекуваат и конкретни информации за договорот.
Новиот предлог кој Сампдорија го достави до Зенит е позајмица на Ригони за една година за сума од 1 милион евра со откупна клаузула од 9 милиони евра.
Ригони се пресели во Зенит летото 2017 година.