Сопствениците на ПСЖ и Барселона се договорија за трансферот на Нејмар, тврди „Скај Италија“. Договорот ги вклучува Иван Ракитиќ и Жан-Клер Тодибо, како и мултимилионскиот износ на пари за кои не е објавено за колкав износ се работи.
Претседателите на Барселона и ПСЖ, Жозеп Бартомеу и Насер Ал Калаифи – се сретнаа денес во Монако пред ждрепката во Лигата на шампионите. Тоа беше за очекување велат шпанските медиуми, па овој разговор да го „отклучи“ трансферот на Нејмар.
Газдите на двата клуба разговараа телефонски кон крајот на минатата недела, а денешниот настан во близина на Азурниот брег беше повод да се видат лично и да разговараат на оваа „жешка“ тема. Мундо Депортиво контактирал со нивните извори на „Камп Ноу“ веднаш по објавувањето на вестите и тие негирале дека е постигнат договор.
Постојниот договор на Нејмар со ПСЖ е до 30 јуни 2022 година, а бразилецот настапуваше за Барселона во периодот од 2013 до 2017 година.
