Новак Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на УС Опен, но она по што ќе го паметиме петтиот натпреварувачки ден на грен-слемот во Њујорк ќе биде цела увертира пред третиот меч на Србинот.
Светскиот рекет број еден се пожали на незгодна повреда во второто коло, а поради тоа што вчерашниот тренинг пред мечот го одложи цели два часа, се појавија безброј шпекулации дека Србинот ќе се повлече и дека воопшто нема да се појави на теренот. Вакво сценарио прогнозираа неколку американски новинари, а бидејќи беше своевиден шок кога Ноле се појави на тренингот непосредно пред мечот, еден од фановите успеа да го разбесни најдобриот светски тенисер во овој момент.
„Нели ќе се повлечеше…“, – му порача еден од фановите од трибината зад него, по што Србинот навистина се налути и возврати.
„“Каде си, ќе те најдам, верувај ми дека ќе те најдам…“, – возврати Новак.