Навивачите на Каљари се дел од големиот расистички скандал кој изби по вчерашниот меч од 2. коло во Серија А лигата меѓу нивниот тим и екипата на Интер. Имено, новото засилување во нападот на Интер, Ромелу Лукаку беше малтретиран во текот на мечот од трибините на расистичка основа.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ја донесе победа за „нероаѕурите“ со гол од белата точна, но додека го изведуваше се случаше хор од мајмунски извици од трибините.
За навивачите на Каљари, ова не е прв ваков истап. Во последниве години, најмалку 12 други играчи беа мета на расистички напади на овој стаднион. Сега на потег се италијанските фудбалски власти.
Lukaku confronting racism in Italy after scoring a penalty. pic.twitter.com/ZqgRB46YI6
— Niall ㋡ (@niallmoran_) September 1, 2019