Вест Хем ги договори условите за трансфер на напаѓачот Хавиер Ернандез во шпанската Севиља. 31-годишниот фудбалер денеска и формално треба да ги мине лекарските преглед, по што и официјално ќе стави потпис на договорот вреден 9 милиони евра.
Во сезоната 2018/19 година, Чичарито одигра 25 натпревари во англиската Премиер лига за Вест Хем, а и годинава веќе имаше два настапи за „чеканите“. Договорот на напаѓачот со лондончани истекуваше во јуни 2020 година, па затоа и решија да го продадат токму сега.
