Играчот од средниот ред на Барселона, Рафиња Алкантара ќе игра со позајмица во Селта Виго, јавуваат шпанските медиуми.
До крајот на денот договорот мора да биде официјално објавен. Пред да стане факт оваа позајмица, Бразилецот ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб.
На „Камп Ноу“ прават притисок за овој чекор, бидејќи неговиот тековен договор истекува за помалку од 12 месеци. Во Барселона не сакаат да ја повторат истата грешка како со Мунир Ел Хадади, кој беше продаден за само еден милион евра во јануари.
Рафиња има настапувано за екипата на Селта и тоа во времето кога оваа екипа беше предводена од Луис Енрике.
