Клубовите од германската фудбалска елита потрошија рекордни 705 милиони евра за нови засилувања во овој летен преоден рок, кој се затвори синоќа.
Износот не вклучува плаќања за фудбалери, како и дополнителни исплати од бонуси предвидени во договорите на играчот. 18 екипи од Првата Бундес лига купиле вкупно 159 играчи и ангажирале уште 27, вклучително и Филипе Кутињо од Барселона во Баерн (Минхен) со позајмица од 8,5 милиони евра, при што на крајот Баварците имаат опција за откуп по завршувањето на сезоната.
Во меѓувреме, германските елитни клубови продадоа играчи во вредност од вкупно 657 милиони евра ова лето. Борусија (Дортмунд) потроши 137 милиони евра, а шампионот Баерн Минхен 130 милиони евра.
На другата страна новајлијата Падерборн, потроши само 150.000 евра за нови играчи. Ајнтрахт (Франкфурт) има најголем приход од продажба на играчи од 141,5 милиони евра, а потоа следува Борусија Дортмунд со 130,5 милиони евра. Вердер Бремен и Унион Берлин не продадоа ниту еден играч.
Најскапиот пристигнат трансфер е Лука Хернандез, кој се пресели од Атлетико Мадрид во Баерн за рекордни 80 милиони евра во историјата на Бундеслигата.
Од продажните трансфери, Ајнтрахт е на врвот со 60 милиони евра добиени од Реал Мадрид за Лука Јовиќ.

