Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го имаат дебитантскиот настап во СЕХА лигата и тоа против екипата на Спартак Москва која исто така за прв пат се вклучува во регионалното натпреварување.
Во нашиот тим се убедени дека на мечот со Русите може да се прокнижат првите бодови во новата натпреварувачка сезона. Средбата од групата „Б“ меѓу Битолчани и гостите од Москва ќе започне во 20.45 часот во салата –„Боро Чурлевски“.
Во групата на Еурофарм Работник се одиграа првите два меча. Веспрем славеше кај Мешков Брест со 28-27 додека Загреб победи кај Металопластика со 28-25.