Фудбалерот, Мауро Икарди, кој во финишот на летниот преоден рок направи трансфер во редовите на ПСЖ, вели дека повлекол добар потег откако не успеа да остане во Интер иако инсистираше за такво нешто.
„Направив голем чекор напред и имам добра шанса да останам во елитниот фудбал. Токму затоа го одбрав ПСЖ. Беше клучно кога управата ме контактираше и ме побара да дојдам во нивниот тим“ – вели Аргентинецот.
„ Се познавам со Кавани и Нејмар, убаво е што ќе играм со такви играчи. Уверен сум дека ќе се вклопам перфектно во составот“ – потенцираше напаѓачот кој ќе игра една сезона како позајмен на – „Паркот на принцовите“, со можност по тој период да му биде откупен договорот за околу 65 милиони евра.

