Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски е оптимист во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Израел во Бер Шева. Ангеловски е свесен дека Македонија ја очекува повеќе од тежок натпревар со противник кој е решен да ги освоие трите бода, но верува во своите избраници кои се подготвени за добар натпревар во Израел.
Сепак селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата во Бер Шева не го криеше и незадоволството од третманот на националниот тим во Израел.
„Сакам да им се заблагодарам на Израелците за “гостопримството”. Ни овозможија да ги видиме убавините на земјата со долго патување. Ги уверувам дека ќе им вратиме во иста мера“ – истакна Ангеловски, па се осврна и на самот натпревар.
„Добро се познаваме со Израел, бидејќи и во претходните квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но за мене најважни се моите фудбалери и како ние ќе одиграме. Да го ставиме противникот на маки, ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот, па се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат. Секој натпревар е различен, така и овој е поинаков од оној од пред две години. Нашата селекција е 95% иста, но Израелците се променија. Ситуацијата со повредените фудбалери ќе одлучи дали ќе играме со истите 11 како во Хаифа пред две години или не“, рече селекторот Ангеловски.

