Тенисерката од Австралија, Ешли Барти, од денеска го има првото место на светската ВТА ранг листа додека досегашниот лидер, Наоми Осака падна на четвртото место.
Сензационалната победничка на терените во Њујорк во текот на викендот, Бјанка Андреску, очекувано направи голем скок од 10-ет позиции и сега фигурира на петотто место. Еве како изгледа Топ 10 кај тенисерките.
Ешли Барти (Австралија) – 6501 бод, Каролина Плишкова (Чешка) – 6125, Елина Свитолина (Украина) – 5032, Наоми Осака (Јапонија) – 4846, Бјанка Андреску (Канада) – 4835, Симоне Халеп (Романија) – 4803, Петра Квитова (Чешка) – 4326, Кики Бертенс (Холандија) – 4325, Серена Вилијамс (САД) – 3935 и Белинда Бенчиќ (Швајцарија) – 3738.