Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, ќе го продолжи договорот со екипата од –„Олд Трафорд“ , објави денеска весникот „Гардијан’ повикувајќи се на извори блиски до клубот.
Според наведеното, шпанскиот интернационалец со новиот долгорочен договор ќе заработува 290.000 фунти неделна плата и ќе ја добие капитенската лента.
Со тоа е ставен крај на сите шпекулации дека одличниот чувар на мрежата може да направи трансфер во екипата на Јувентус.