Плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен може да го напушти тимот за време на зимскиот преоден рок, пренесува „Дејли Мирор“.
Весникот тврди дека клубот од Лондон сака да го купи напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала и му нудат на Ериксен да биде заменет со Дибала. Тотенхем беше заинтересиран за Дибала минатото лето, но двете страни не успеаја да постигнат договор во периодот за трансфери.
Се зборуваше дека и Реал Мадрид го сака овој играч, но на крајот сепак тој остана во Тотенхем. Според италијанскиот печат, 27-годишниот фудбалер не е расположен да ја продолжи кариерата во екипа од италијанскиот шампионат, односно во Јувентус.
Кристијан Ериксен игра во Тотенхем од 2013 година, пристигна од Ајакс (Амстердам). Досега тој има одиграно 210 натпревари и постигнато 50 голови за Тотенхем, настапувајќи за својата екипа и во финалето во Лигата на шампионите минатата сезона.
