Машката одбојкарска репрезентација на Македонија направи голем чекор кон осминафиналето на Европското првенство, откако со 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) ја победи Словенија сред Љубљана во последното коло од групата „Ц“. Нашите одбојкари направија вистинско чудо ја замолкнаа „Стожице“ и се радуваа на резултат кој треба да не однесе во следната фаза на шампионатот.
Маестрално го отворивме мечот и држевме одличен ритам против силната домашна селекција. Го освоивме првиот сет на разлика, иако претходно имавме неколку сет топки.
Слично беше и во вториот сет, Дојдовме до 24-от поен и имавме навистина дури 7 сет топки за 2:0, за конечно да реализирале за 30:28 и предност од 2:0.
Следуваше единствениот сет во кој паднавме и физички и психички, па Слобенците успеаја да намалат на 2:1.
Ние се вративме посилни од кога било во последниот сет. Иако Словенија направи разлика и дојде на чекор до израмнување затоашто водеше со 24:21, ние со неверојатна низа од 5:0 успеавме да го освоиме сетот и да победиме.