Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше разочаран, но смирено го прифати поразот од 0:2 против Наполи како гостин во првиот натпревар од новото издание на Лигата на шампионите.
„Жал ни е за поразот затоа што имавме свои шанси да постигнеме гол. Ова е само првиот натпревар од сезоната во ЛШ, направивме многу шанси, но не можевме да ги завршиме нашите напади и тоа е проблем. Ова беше многу динамичен натпревар, пред се во второто полувреме. Ливерпул покажа добар фудбал, но донесовме погрешни одлуки во важни периоди и мора да се помириме со резултатот“, изјави Клоп по натпреварот.