Нашите одбојкари го одработија својот дел од работата, односно запиша две победи во групата Ц, против Белорусија и Словенија, но за да може да обезбдеиме пласман во осминафиналето треба да се чека исходот од денешниот натревар меѓу Турција и Финска.
Белорусија синоќа не успеја да ја победи Турција и со тоа ја остави Македонија на чекање до крајот на денешниот ден.Сега нашите одбојкари и спортската јавност во Македонија ќе навиваат за Турција да победи против Финска за нашите одбојкари да влезат меѓу 16-те најдобри селекции на првенството и да патувата во Нант.
Турците се веќе сигурен патник во следната фаза, но им останува да го одиграат мечот против Финска вечерва (20:30 часот). Потребно е Турција да победи и тоа со било кој исход за да останеме меѓу најдобрите четири во групата Ц. Било кое друго сценарио односно победа на Финска ќе значи дека Македонија се враќа дома. Притисокот ќе биде кај Финска, бидејќи само со победа може да се најдат на место кое ги носи во осминафиналето.