Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на ракометарки за квалификациските натпревари за пласман на ЕП во 2020 година.
На списокот се 19 играчи кои треба да се јават на првиот собир на 23 септември во спортскиот центар Борис Трајковски.
Македонија е во група заедно со Шведска, Чешка и Португалија, а првата средба ја играме против Швеѓанките на 26 септември од 19 часот.