Не е тајна дека Челзи ќе го продолжи договорот со својот млад фудбалер, Калум Хадсон-Одои, а денеска медиумите на Островот веќе ги објавија и деталите од она што ќе биде ставено на потпис.
Според условите на договорот, 18-годишниот фудбалер ќе заработува по 150 илјади фунти неделно, а имајќи ги предвид бонусите врз основа на резултатите, сумата може да порасне и до 180 илјади фунти неделно.
Новиот договор на Хадсон-Одои со лондонскиот клуб ќе важи до летото 2024 година. Оваа сезона, напаѓачот сè уште нема одиграно ниту еден натпревар, бидејќи се опоравува од повредата на ахиловата тетива.