Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џавел Мекги, треба да биде лидер во неговиот состав во наредната сезона иако „езерџиите“ го ангажираа Двајт Хауард. Мекги кој беше во стартната петорка на 62 меча во претходната сезона иимаше во просек по 12,0 поени и 7,5 скокови.
„Размислував за мојата улога во тимот. Бев носител на играта и очекувам тоа да продолжи. Сепак, не зависи тоа од мене туку од тренерот. Подготвен сум да докажам дека треба да бидам во првата постава на ЛА Лејкерс “, рече Мекги.
Што се однесува пак, до Двајт Хауард, тој и претходно беше дел од тимот на Лејкерси во сезоната 2012/2013 кога имаше 17.1 поен и 12,4 скокови по натпревар.