Најдобриот македонски борач, Могамедгаџи Нуров, успеа да победи во репесаж мечот на Светското првенство во борење и со тоа обезбеди олимписка норма, прва за нашата земја по повеќе од една деценија.
Во репесажот Нуров беше поуспешен од Николај Себан од Молдавија, кого го совлада со 2:1. Со оваа победа, Нуров добива шанса да се бори за бронза, а во натпреварот ќе се соочи со домашен борач, Алишер Јергали од Казахстан.
Борбата за бронза меѓу Нуров и Јергали е попладне. Последната Олимписка норма во борење Македонија ја имаше во 2008 година, на ЛОИ во Пекинг.