Тренерот на Милан, Марко Џампаоло има три натпревари за да ја спаси својата работа на клупата на Милан, пренесуваат медиумите во Италија.
Овој тренер седна на клупата на Милан во текот на летото, откако претходно беше на чело со Сампдорија. Тој беше пречекан со недоверба од навивачите на тимот, кои очекуваа многу посериозно име да го води нивниот тим.
На крајот, резултатите на тимот не се според очекувањата, нокако капак на сè, екипата покажа слаба игра во големото дерби против Интер, кое го загуби со 0:2. Дел од водечките луѓе на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан не се задоволни од некои од одлуки на тренерот и тој ќе има кратко време да ги смени работите во своја полза.
Тоа значи дека следните три натпевари против Торино, Фиорентина и Џенова ќе бидат пресудни за судбината на Џампаоло на клупата на Милан.