Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, одби да се врати во клубот како спортски директор. Слични информации се појавија во последните неколку недели, при што Пујол призна дека навистина имал ваков предлог, но тој го одби.
„Се чувствувам должен на навивачите да им кажам дека по внимателно разгледување, решив да не го прифатам предлогот на клубот. Беше тешка одлука затоа што секогаш велев дека сакам да се вратам во Барселона, ова е мојот дом, но неколку проекти во кои што сум во моментов ангажиран не ми дозволуваат да се посветам целосно на клубот. Сакам да се заблагодарам за довербата што ми е дадена“, напиша Пујол на „Твитер“.

