Нашите најдобри ракометарки со празни раце ќе се вратат од Скандинавија откако загубија на теренот на Шведска со 35 спрема 26 на стартот на новиот квалификацискиот циклус за место на Европскотo првенство во 2020 година.
Домаќинките мечот го решија уште по првиот дел кога направија предност од седум голови или 20 спрема 13. Во вториот, двете селекции одиграа без притисок а домаќинот само ја зголеми предноста и славеше со 35 спрема 26.
Во нашите редови најпрецизна беше Ристовска со пет голови додека Стојановска и Ливриниќ постигнаа по четири. Македонија првите бодови во групата ќе ги бара на домашен терн в сабота кога ќе ја пречека селекцијата на Чешка.