Фудбалерите на Торино доцна синоќа на домашен терен успеаа да направат голем пресврт и да го совладаат Милан со 2 спрема 1 во рамките на 5 –то коло во Серија „А“.
Гостите поведоа уште во 18 минута со погодокот на Пјатек од белата точка додека популарните „биковите“ се наметнаа во второто полувреме и со двата гола на Андреа Белоти во 72 и 77 минута успеаа да дојдат до нови бодови. Токму авторот на победа, Белоти, не го криеше задоволството по триумфот против „росонерите“.
„Во првиот дел Милан беше подобар а ние игравме без идеја. На полувремето, се погледнавме едни со други и нешто се промени во нас. Им благодарам на навивачите за големата поддршка“ – вели Белоти