Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за натпреварите против Црна Гора и Казахстан од квалификациите за ЕУРО 2021. По победата над селекцијата на Фарските Острови не очекуваат уште два меча во октомври, кои можат да го трасираат патот на Македонија кон едно од местата кои водат на ЕП.
„Списокот е ист со исклучок на Марко Ѓоргиевски од Вождовац. Имаме сега појасна слика на нашиот потенцијал и улогата во овие квалификации, со исклучок на Шпанија, сите останати селекции ќе бидеме во борба за второто место. А зошто не и прво место ако се укажат шанси. За Црна Гора и Казасхтан не треба да се трошат зборови, за нивниот квалитет. Сега мислиме само на Црна Гора а потоа ќе мислиме и на Казахстан“, истакна Милевски.