Двајца фудбалерите на Манчестер Јунајтед за кои се очекуваше да го пропуштат денешното дерби со Арсенал, сепак се дел од екипата на „Олд Трафорд“.
Тоа се Маркус Рашфорд и Пол Погба, кои попладнево биле присутни во хотелот во кој тимот традиционално се среќава со фановите пред домашните натпревари. Денеска двајцата успешно ги поминаа клупските фитнес-тестови и затоа влегоа во последен миг на списокот на Солскјер.
Тоа дефинитивно го израдува норвешкиот стратег кој практично остана само со еден напаѓач во лицето на 17-годишниот Мејсон Гринвуд. Што се однесува до Антони Мартиал тој не успеа да ја санира повредата и затоа ќе мора да го пропушти денешното дерби.
