Предводникот на Арсенал, Унаи Емери смета дека ремито 1:1 со Манчестер Јунајтед е реален резултат. Според него, средбата целосно била изедначена.
Тој изјави дека неговиот тим покажал некои добри работи, но има некои што треба да ги подобрат.
„Средбата беше 50:50. Сакавме да победиме затоа што мислевме дека имаме добри шанси да ги освоиме трите бода, но по крајот на натпреварот можам да кажам дека резултатот е фер. Овој нерешен резултат можеме да го прифатиме позитивно ако го победиме Бурнемаут во недела. Видов некои позитивни работи во нашата игра, но и некои што треба да ги подобриме. Добро одигравме во одбраната, но во напад можевме да создадеме повеќе ситуации. Дури и по изедначувањето, имавме некои шанси да постигнеме втор гол. На крајот и противникот имаше шанса да победи, но последната шанса беше пред нивниот гол но не ја искористи Нелсон, кој добро проигра со Вилок“, изјави Емери.