Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се очекува да биде подготвен да игра за десетина дена. Бразилецот заработи повреда во првото коло против Норвич и од тој момент не играл.
Тој веќе продолжи со тренинзите, но се очекува да биде во составот по паузата за настап на националните тимови, а пред дербито со Манчестер Јунајтед. Алисон се чувствува подобро, но тренерскиот тим на Ливерпул нема да брза со негово враќање во игра, особено по добрите настапи на неговата замена, Адријан.
Бразилецот сигурно нема да учествува на претстојните два натпревари со Ред Бул Салцбург во Лигата на шампионите и со Лестер во Премиер лигата.