Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, го одби предлогот на Сампдорија да го предводи тимот, пренесува „Тутоспорт“. Овој тренер е без тим уште од летото кога се раздели со „росонерите“.
Сепак, 41-годишниот Гатузо не беше воодушевен од предлогот на Сампдорија. Тој не сакал да го преземе тимот затоа што не решил конечно за својата иднина и не ја сака ситуацијата во која се наоѓа екипата. Со слични аргументи, Гатузо го отфрли предлогот на другиот клуб од истиот град – Џенова.
Минатата сезона Гатузо го доведе Милан на 5-то место во Серија А, само еден бод зад вечниот ривал Интер.