Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сампдорија го сака Бертолачи во своите редови
    Фудбал

    Сампдорија го сака Бертолачи во своите редови

    risteBy riste04/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Сампдорија се обидува да го донесе поранешниот играч од средниот ред на Милан, Андреа Бертолачи. 28-годишниот фудбалер во моментов е слободен агент откако неговиот договор со „росонерите“ истече во јули и не е обновен. Тој има огромно искуство со над 200 натпревари во Серија А и во Сампдорија веруваат дека може да имаат корист од неговото искуство.

    Сампдорија започна лошо во новата сезона, забележа пет порази во првите шест натпревари во Серија А. Ова е една од причините што клубот продолжува да бара нови засилувања за да ги промени своите перформанси и да се врати на вистинскиот пат. Ако Бертолачи го прифатиовој предлог, тој може веднаш да биде вклучен во тимот и да игра затоа што пристигнува како слободен играч. Тој веќе работеше со тренерот Еузебио Ди Франческо во Лече во текот на сезоната 2011/12.

    Сепак, привлекувањето на играчот од средниот ред може да не биде особено популарно за навивачите на Сампдорија. Причината е што во неговата кариера Бертолачи двапати играше за локалниот ривал Џенова од 2012 до 2015 година, а потоа од 2017 до 2018 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.