Стефано Пиоли и официјално е нов тренер на фудбалскито состав Милан откако денеска во друштво на легендите, Паоло Малдини и Звонимир Бобан кои се дел од менаџерскиот тим, го стави потписот на договорот кој ќе биде валиден во наредните две години.
Пиоли ќе седне на клупата на „росонерите“ на местото на Џампаоло кој заработи отказ поради серијата на лоши резултати.
Пиоли кој има богата тренерска кариера досега работел во 12 клубови меѓу кои се : Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Сасуоло…итн.