Италијанскиот фудбалски состав Парма објави на социјалните мрежи дека ја продолжи соработката со црномурестиот напаѓач Жервињо.
32-годишниот фудбалер на Брег Слоновата Коска од денеска има нов договор до летото во 2022 година. Корпулентниот голгетер игра за Парма од 2018 -та. Во текот на изминатиот трансфер период повеќе европски тимови покажаа дека се заинтересирани за неговиот потпис, но, тој се определи да остане и понатаму во италијанскиот клуб.
Жервињо во тековнава сезона одигра 8 натпревари на кои постигна 3 гола и забележа 2 асистенции. Африканецот претходно помина три сезони во Калчо лигата во дресот на Рома.