Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија сака да го сруши митот на Полска за непобедливост во Варшава
    Фудбал

    Македонија сака да го сруши митот на Полска за непобедливост во Варшава

    risteBy riste13/10/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра својот следен , осми натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година.

    На „Националниот стадион“ во Варшава кој важи за еден од најубавите и најмодерните европски стадиони, Македонија ќе се обиде да направи изненадување и да оствари позитивен резултат против Полска. Домашната селекција на ова место е речиси несовладлива, но нашите фудбалери по победата над Словенија сами се изборија за да веруваат во пласман на ЕП и затоа сакаат да се надигруваат со фаворитот Полска.

    Домашниот тим на Полска цели шест години или 15 меча не знае за пораз на својот најубав стадион, на домашен терен. Последна селекција која од Варшава си замина победнички е Шкотска, која во 2014 славеше со 0:1, но на пријателски натпревар. На официјален меч, Полска беше поразена во 2013 година од Украина, а од вкупно 24 одиграни натпревари на „Националниот стадион“ досега Полска има 15 победи, додека седум натпревари завршиле без победник. Ова значи дека Македонија не само што вечерва игра против силната селекција на Полска туку и против традицијата.

    За вечерашниот натпревар со Полска , селекторот Игор Ангеловски има доста проблеми со составување на најсилниот состав, ќе недостасува и Тричковски, а настапот на Адеми ќе биде неизвесен до последен момент. Сепак од страна на нашите репрезентативци стигна ветување дека без разлика кој и да настапи тие ќе дадат маскимум од себе за добар резултат на гостувањето во Варшава.

    Натпреварот започнува во 20.45 часот на „Националниот стадион“ во Варшава.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.