Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Чиле, Алексис Санчез, заработил повреда на левата нога, потврди денеска неговата матична фудбалска федерација.
Тој се повреди во синоќешната контрола против Колумбија (0-0), кога мораше да го напушти принудно теренот во 88-та минута. Тоа значи дека Алексис ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Гвинеа закажан во вторник и ќе се врати во неговиот состав Интер.
Таму под будното око на лекарите ќе направи обемни прегледи што ќе покажат колку долго ќе биде надвор од терените. Според одредени информации, Алексис може да оди и на операција.