Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја изненади фаворизираната Полска на гостувањето во Варашава во рамките на 8 коло во квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2020 година.
По првото главно изедначено полувреме, домаќините заиграа поактивно во вториот дел и успеаа да ја продолжат победничката серија. Во 74 минута Франковски само што влезе во игра искористи невнимание на нашата одбрана и од само неколку метри успеа да го совлада Димитриевски. Само 6 минути подоцна, Милик со одличен шут од 20 метри донесе нова радост за домашните фанови. Во нашата група денеска Австрија оствари голема победа на гостувањето кај Словенија со 1:0 по што се зацврсти на второто место на табелата. Полјаците се лидери со 19 бодови, Австрија има 15, Македонија и Словенија остана на 11 бода, Израел има осум а Летонија е без бод.
Во вторник ќе биде комплетирано осмото коло по мечот меѓу Израел и Летонија. Што се однесува до нашата селекција, наредниот меч ќе ни биде на 16 ноември на теренот на Австрија.

