Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркизио не ја отфрли можноста да продолжи со тренерска кариера. 33-годишниот играч по раскинувањето на договорот со руски Зенит најави дека ќе се пензионира, а веројатно веќе сега размислува за почеток на тренерската кариера.
„Не исклучувам ништо, но сè уште не сум донел цврста одлука.
Ритамот на игра, физичката кондиција на играчите, атмосферата на натпревари секогаш ме воодушевуваше“, изјавил Маркизио.
