Дефанзивецот на белгиската репрезентација Тоби Алдервајрелд по победата на натпреварот од 8. коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година против Казахстан (2-0), изјави дека и покрај фактот што Белгија е веќе на ЕП, тие имаат цели и за последните две средби од квалификациите.
„Мислам дека на секој натпревар мора да играме се подобро. Нашата цел е да освоиме 30 бода од можни 30. Ако можеме тоа да го постигнеме, тогаш последниот натпревар на домашен терен против Кипар ќе биде еден многу возбудлив и предизвикувачки дуел“, вели дефанзивецот на Тотенхем.
Белгијците досега имаат 8 победи во 8 меча.

