Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година гоодржа и последниот трениг пред утрешниот дуел со Казахстан во 3. Коло од квалификациите за ЕП 2021.
Репрезентативците гледаат оптимистички на дуелот и очекуваат трета победа. Селекцијата на Благоја Милевски по воведните две кола има максимални шест бодови и сега очекува да ја продолжи победничката серија.
„Против Црна Гора остваривме значајна победа, иако натпреварот воопшто не беше лесен. Сепак, и покрај некои наши грешки и недостатоци во играта за кои зборуваме и работиме со селекторот и стручниот штаб, успеавме да победиме и да го добиеме посакуваниот резултат. Натпреварот со Казахстан ќе биде сосема поразличен. Противникот е квалитетен, физички се силни, но сметам дека со правилен пристап можеме да дојдеме до нови три бода. Не се сомневам дека заеднички повторно ќе дадеме сѐ од себе и на крајот ќе се радуваме“, вели нашиот напаѓач Милан Ристовски.
Дуелот меѓу македонската репрезентација до 21 година против Казахстан ќе се одигра утре во 14:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.