Селекторот на репрезентацијата на Турција, Шенол Гунеш, не може да биде незадоволен од нерешениот резултат кој неговата селекција го оствари на гостувањето кај Франција (1:1). Со овој резултат, двата тима се блиску до пласман на ЕУРО 2020.
“Секако дека мора да бидам задоволен од резултатот, ако ја погледнете статистиката на крајот од мечот беше 11:2 според упатени удари, но нерешениот резултат е најважен. Ние сме многу среќни откако освоивме четири бода од двата натпревара со Франција. Одлично е да се вратиме во Турција како лидер во групата“, изјави задоволниот Гунеш, бидејќи неговите момчиња се пред светскиот шампион со подобри скор од директните натпревари.
„Особено сум задоволен што освојуваме бодовина натпревари со силни екипи. Французите беа многу подобри отколку што бевме ние на овој натпревар, тие создадоа многу повеќе шанси за гол, но она што е најважно, ние не дозволивме тие да победат“ додаде селекторот на Турција.