Поранешниот голман на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар, се наврати на неуспешниот трансфер во Ливерпул во 2001 година.
„Ја започнав кариерата во Ајакс и тогаш имав можност да се преселам во Англија или Италија. На крајот се решив да одам во Серија А и го одбрав Јувентус“ – вели легендарниот голман.
„Во 2001 година, можев да одам во Ливерпул, малку се двоумев и затоа го одбрав Фулам. Потоа поминав прекрасен период во Манчестер Јунајтед. Кога го напуштив тимот имав 40 години. Мислам дека тогаш помина времето да одам во друг состав“ – потенцираше некогашниот голман на „црвените ѓаволи“.

