Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација Красимир Балаков е исто така на чекор до заминување од репрезентацијата. По скандалот на мечот со Англија и убедливиот пораз од 6:0, оставка си поднесе првиот човек на федерацијата, Борислав Михајлов, но не е исклучено по него да си замине и селекторот.
Според бугарските медиуми, балаков се уште ја разгледува оваа одлука и својот став ќе го соопшти деновиве. На кормилото на Бугарија, Балаков има само една победа и дури 5 порази во шесте меча како селектор.