Натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2020 меѓу Романија и Норвешка (1:1) постави рекорд за посетеност според бројот на деца присутни на трибините. На трибините на стадионот биле присутни 29 854 деца.
УЕФА, поради неправилности на натпреварите против Шпанија и Малта, и нареди на Фудбалската федерација на Романија да ја одигра средбата пред празни трибини. Романската фудбалска федерација побара отворен пристап за деца на стадионот и доби согласност.
Така, на трибините на стадионот синоќа имаше деца до 14 години од фудбалски академии и деца од предучилишна возраст. Имаше по еден возрасен човек со секоја група од 10 деца на трибините.