Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, бил дел од сообраќајна несреќа која се случила пред тренинг центарот на англискиот состав.
Неговиот автомобил бил оштетен а играчот на „граѓаните“ поминал без последици. Причината за сообраќајката на Агуеро не се познати. Во меѓувреме, Аргентинецот објави слика од автомобилот на Инстаграм и напиша: „Какво прекрасно утро“.
Шампионот на Англија во текот на викендот го очекува гостување кај Кристал Палас а Агуеро сигурно ќе биде прв избор во нападот на Пеп Гаврдиола. Ќе потсетиме дека Агуеро пред две години во Амстердам, исто така имаше сообраќајка додека се возеше во такси и помина без последици.